Радио Милева направи „лом“...

Вака лумпува Агнеса Орданоска: Русокосата на грчка музика кршеше чинии во кафеана (ВИДЕО) 

Вака лумпува Агнеса Орданоска: Русокосата на грчка музика кршеше чинии во кафеана (ВИДЕО) 

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева катаден објавува приватни детали од своето секојдневие на Инстаграм, па така беше и овој пат.

Таа откако најпрво сподели дека и било голема чест да биде дел од ексклузиванта промоцијата на  бренд хулахопките кои Лепа Брена ги промовираше и во Скопје  доби многу позитивни коментари во кои и напишаа дека го заслужува сето тоа, а доби  и многу пофалби за нејзиниот изглед.

Па така во истиот аутфит од промоцијата, во црно мини фустанче и светкавото елегантно сако кои  на промоцијата ги носела заминала на забава.

Понесена од возбудата и убавата атмосфера од промоцијата, Агнеса пристигнала во кафеана каде решила да лумпува на грчка музика.

Додека во позадина свирел оркестарот, таа застанала на средина со голем куп чинии во рацете следејќи го стариот грчки кафеански обичај, почнала да ги крши.

Судејќи по видеото кое го споделила на Инстаграм, задоволството било единствено, па русокосата насмевката не ја тргнала од лицето.

Очигледно Агнеса знае одлично да се забавува кога е добро расположена… Само остана мистерија, кој  ја плаќа забавата?

Фото: Принтскрин/Инстаграм/agnesaorgandzieva

To top