Пејачката Јелена Карлеуша, вчера на првиот училишен ден ги однесе ќерките Ника и Атина во приватното училиште каде што учат.
За стартот на учебната година училиштето имаше посебна забавна програма за децата кои беа во придружба на родителите.
Ника и Атина беа заедно со мајка им Јелена, која за овој ден избра провокативен стајлинг.
Имено, таа се појави во кусо црвено фустанче со длабоко деколте, а откако ги објави фотографиите на Инстаграм, „паднаа“ тешки коментари.
„Вака ли ги носиш децата на школо, барем некаде биди пример“, гласи само еден од многуте коментари за фотографиите.
Сепак, во одбрана застанаа фановите на пејачкта, кои на сите душегрижници им порачаа дека живееме во слободен свет, па кој како сака ќе се облекува.