Репрезентативниот ракомтарски голман Борко Ристовски и неговата партнерка Николина претходната година склучија граѓански брак, а викендов направија свадба.
Свадбата беше во еден луксезен македонски хотел, а на истата присуствуваа најблиските роднинии и пријатели на парот.
За оваа прилика, Борко беше облечен во одело, а невестата во бел фустан со поширок долен дел. На свадбата присуствуваше и нивниот син Душан кој во април оваа година ќе наполни една година.
Свадбената торта на познатиот пар беше со црно – златна боја, а на црниот дел со златни букви имаше испишано текст.
Специјална торта имаше и за синот на Борко, Душан која беше во бело – сина декорација.
За потсетување, Борко и кумановката Николина претходината година склучија брак кога сопругата беше во поодминета бременост, а сега парот направи веселба за најмилите.