По десет месеци борба, работа и напори на менторите да им го дадат најдоброто на кандидатите, конечно триумфираа најдобрите, а според публиката тоа е 19-годишниот Нермин Ханџиќ.
Нермин во финалната вечер освои 128.456 илјади гласови од публиката од Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.
„Ох, немам што навистина да кажам, кој и да победи го заслужи тоа. Ви благодарам на сите од се срце“, воодушевено рече победникот, по што статуата му ја врачи Воја Недељковиќ, а претставникот на компанијата „Превент поинт“ му ги предаде клучевите од автомобилот „Опел Корса“.
Покрај автомобилот, победникот ќе добие песна и спот од „Гранд продукција“.
Во финалето на натпреварот „Звезда Гранда“ имаше 16 натпреварувачи кои ја воодушевија публиката која го избра својот фаворит со СМС гласови, а Нермин Ханџиќ (18) однесе убедлива победа!
Нермин за време на натпреварот беше под менторство на пејачката Вики Миљковиќ, која напорно работеше со него на неговиот настап, пеење и се што беше потребно за да се качи на сцената и да „издува“ се’.
Младиот победник од Тешањ во БиХ оди во средно училиште и за себе вели дека во слободно време сака да игра фудбал, дека пред се’ е хумана и позитивна личност и не сака да биде дома. Неговиот музички идол е Шабан Шаулиќ.
Прогласувањето на победниците беше многу возбудливо, а натпреварувачите, но и членовите на жирито нетрпеливо чекаа да го слушнат името што ќе го каже Саша Поповиќ и со тоа да ја затворат натпреварувачката сезона.
Кога го проговорил името на Нермин, Вики скокаше од радост.
Во финалето учествуваа двајца Македонци, Андријана Петрушовска од Скопје и Александар Јофифовски од Охрид кој заврши на втората позиција.
Погледнете како изгледаше прогласувањето на победникот:
фото:Принтскрин Јутјуб/Ѕвездите на Гранд