Радио Милева
„Бoжеее, каква фризура, каков аутфит?“

Вака изгледаше и се облекуваше најдобрата македонска ТВ водителка деновиве пред години: Дали Лила вакава отсекогаш била? (ФОТО)

Вака изгледаше и се облекуваше најдобрата македонска ТВ водителка деновиве пред години: Дали Лила вакава отсекогаш била? (ФОТО)

Лила Филиповска несомнено е најдобрата и најпопуларна македонска ТВ водителка. И тоа не само денес, туку со години наназад. Повеќе од две и пол децении денес атрактивната „прва дама на банкарот“ од популарното квиз-гејм шоу, „Се’ или нешто“ е во фокусот на вниманието и популарноста, како на ТВ гледачите, така и на медиумите. Денес изграден бренд, ТВ лице со километража и несомнени квалитети, како ораторски, така и телесно-визуелни, Лила е на самиот врв не само како ТВ водител, туку и како медиумски лик воопшто, а во последно време и како многу моќен инфлуенсер со се поголемиот развиток и значење на социјалните мрежи.

Секогаш средена, стокмена, дотерана, со модерен имиџ и аутфит што најдобро и прилега, совршена шминка, фризура кои го  надополнуваат нејзиниот лик, комплетирајќи ја личноста како бренд број еден во своата професија.

Иако на дамите не им се бројат ниту годините ниту им се коментира изгледот, сепак за јавните личности понекогаш можат да се напрват исклучоци, колку за да го потврдат правилото. Но прашањето е дали Лила отсекогаш вакава била? Или можеби не?

Одговорот го даде самата или поточно самите ќе треба вие да го извлечете од она што всушност самата го сподели на своите профили на социјалните мрежи. Ретро спомен од нејзината младост и почетоците на нејзината кариера, видео со кое таа ги врати своите обожаватели и пријатели во далечната 1995 година, објавувајќи како изгледала и водела на едно од нејзините први појавувања на телевизија, како водител-почетник на тогашната „Зимско – рекреативна програма“ во рамките на редакцијата за „Училишна програма“ и „Секторот за обрзовна програма“ на МТВ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


„Оваа снимка ја гледам прв пат во животов и искрено не се ни сеќавам многу, но знам дека тоа се дефинитивно моите први водителски обиди во Македонската Телевизија 1995… Бoжеее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“-  напишала  Лила во описот на видеото.

А ние приказната ќе ја дополниме со уште неколку фотографии направени отприлика во периодот малку потоа, кога Лила од МТВ ја започнуваше својата ТВ кариера таму каде што е и денес – во ТВ Сител.

 

Фотографиите се направни на една од тогаш многубројните манифестации и избори како: „12 Величествени на МТВ“, „ТВ Лице на годината на весникот Вечер“, „Глумците пејат“, „Мис на Македонија“, „Актер на годината“ на ревијата „Екран“…

Старите добри времиња од 90-ите на минатиот век и „вечната“ водителска ведета, Лила Филиповска, без фотошоп, без филтери, филери, ботокси…  –  некогаш, за разлика од сега.

Ако разлика воопшто и има?!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/приватна архива

 

Останати вести од Радио Милева