Радио Милева голема љубов - тажен крај?

Вака изгледала свадбата на љубовницата на Душко Тошиќ: Пеѓа ја запросил Ана на голем одмор уште додека додека била средношколка, а на свадбата им пеела половина српска естрада! (ФОТО)

Вака изгледала свадбата на љубовницата на Душко Тошиќ: Пеѓа ја запросил Ана на голем одмор уште додека додека била средношколка, а на свадбата им пеела половина српска естрада! (ФОТО)

Аферата помеѓу Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша  и Ана Јовановиќ, поранешната сопруга на пејачот Пеѓа Јовановиќ – Близанац, сè уште не стивнува, а на површина излегуваат нови детали од нивното минато.

На социјалните мрежи кружи видео од венчавката на дизајнерката на костими за капење и пејачот, што се одржала во мај 2008 година. Во тоа време, половина од ѕвнтогаш најпопуларните српски естрадни ѕвезди  пееле на свадбената забава. Меѓу гостите кои го земале микрофонот в рака биле и  Аца Лукас, Жeљjко Шашиќ, Саша Матиќ, како и „Гранд sвездите“  Стеван Анѓелковиќ, Александра Бурсаќ, Тања Савиќ, како и Дарко Радовановиќ и Ксенија Пајчин, кои само неколку години потоа, трагично починаа.

Според информациите, Пеѓа ја запросил сегашната љубовница на Душко на голем одмор, уште додека таа била во средно училиште. Извор близок до поранешните сопружници тврди дека нивната љубов била голема и дека сега тие се почитуваат и покрај аферата.

Тоа за српски Курир го потврдил и самиот Пеѓа – Близанац кога го прашале на коментар:

„Беше тоа убава свадба. За нас и нашите деца ќе остане убав спомен. Јас и Ана одлично се забавувавме со нашите семејства и пријатели. Двајцата останавме пријатели за цел живот. Не би коментирал за сè друго што беше кажано и напишано во медиумите последниве денови“ – кусо изјавил Пеѓа. Тој се осврнал на фактот дека половина од колегите од естрадата му пееле со радост.

„Моите драги колеги во тоа време ни го разубавија најважниот ден за нас. За жал, некои веќе не се со нас, и токму тоа е она што е тажно“ – додал Пеѓа.

To top