Радио Милева (НЕ)препознатливи...

Вака изгледаа „Ѕвездите на Гранд“ пред да станат славни: Првите пари ги потрошиле на ставање силикони и заби (ФОТО)

Вака изгледаа „Ѕвездите на Гранд“ пред да станат славни: Првите пари ги потрошиле на ставање силикони и заби (ФОТО)

Едно од најпопуларните музички натпреварувања секако  се „Ѕвездите на Гранд“, кое од првиот ден на емитувањето привлекува голема публика, а скоро на сите гим е омилено музичко шоу
Така е и денес, при што членовите на жирито сега се тие што се поинтересни. Неколку од најуспешните „производи“ на овој натпревар денес се големи ѕвезди, а еве како изгледаа кога дојдоа на аудицијата. Додека некои денес се речиси непрепознатливи од нивното прво појавување во јавноста, други не сменија речиси воопшто.

Дарко Лазиќ  – Сега е тројно подебел

Победникот на Гранд во 2009 година претрпе најголема трансформација од своето прво појавување. Дарко, во тоа време имаше само 15 години, а беше значително послаб. И гардеробата што ја носеше во тоа време беше многу поскромна и поедноставна, со оглед на тоа што тој денес носи исклучиво брендирани крпчиња.

Ана Севиќ  – Од сосема обична девојка до комлетно сменета жена

Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ за „ Ѕвезда на Гранд“ стана во 2010 година, а со исклучок на нејзината боја на коса, која остана слична на денес, таа на себе промениречеиси сè. На аудицијата, Ана изгледаше како и секоја просечна девојка. Таа призна дека ги оперирала градите и устата и го променила комплетниот стајлинг.

Катарина Живковиќ – Од русокоса до силиконска бринета

На само 14 години, Каќа реши да застане пред Саша Поповиќ и да покаже зошто треба да биде идната „Ѕвезда на Гранд“. Долгаруса коса, старомоден џемпер, тенка уста беа одликите на изгледот на Катарина. Денес, таа има многу поубавакоса, истетовирани веѓи, силикони во градите и многу подобар стил на облекување.

Милица Тодоровиќ  – Од исплашено и сериозно дете до привлечна девојка

Во 2013 година, Милица беше симпатично тринаесетгодишно девојче кое немаше поим што е тоа успех. Во тоа време, таа изгледаше прилично сериозна и исплашена, но и непрепознатлива, што е логично, зашто тоа е време кога беше уште дете. Покрај фризурата и бојата на косата, таа  денес се разликува и по тежината, така што минатата година имаше проблеми со вишокот килограми, кои успеа во меѓувреме да ги намали.

Тања Савиќ  – Од детска фризура до зрела жена

На 18-годишна возраст, една девојка со кратка црна коса излезе пред Саша Поповиќ и самоуверено рече: „Јас го завршив училиштеото оддамна, пеам веќе некое време и можам да се посветам на музиката професионално“. Така и беше и Савиќ брзо стигна до врвот на фолк естрадата, каде што не остана долго, особено по бракот и раѓањето деца. Во меѓувреме, таа многу го смени својот личен опис. Вметна филери во усните и силикони во градите, а и честопати ги менуваше бојата и должината на косата.

To top