Радио Милева „Секогаш среќни“

Вака изгледа свекрвата на водителката Ана Николова, идната сопруга на пејачот Стефан Величковски (фото)

Вака изгледа свекрвата на водителката Ана Николова, идната сопруга на пејачот Стефан Величковски (фото)

Младиот пејач Стефан Величковски остави силен впечаток во „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, тој двапати учествуваше во музичкот шоу. Во едната сезона испадна поради недоволен број на гласови, а во другата самиот се откажа поради работни обврски.

Стефан со учеството во музичкото шоу можеби не стигна во финале и не освои некои од првите места, но затоа доби агенда полна со настапи низ државата и токму поради тоа мораше да се откаже од учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

Пејачот е активен на музичката сцена, па пред да фати пандемијата со коронавирусот имаше „набиена“ агенда со настапи.

Кога пак станува збор за неговиот приватен живот, Стефан не зборуваше многу јавно, се до неодамна кога обелодени дека е во врска со водителката Ана Николова.

Имено, парот во кусите приказни на „Инстаграм“ објави заедничка фотографија на која се еден до друг и тогаш започнаа приказните дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Набргу по објавувањето на заедничката фотка, тие ја официјализираа нивната врска со запросување.

Стефан во Истанбул ја побара за сопруга Ана, а таа кажа „да“ засега и засекогаш.

„Моето најубаво добро утро“: Стефан Величковски во Истанбул ја запроси својата девојка, водителката Ана Николовска – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Инаку, Ана е уредник и водител на емисијата „Квадрат“ на телевизија Алфа, а неодамна прослави 10 години oд нејзиното прво појавување на телевизија.

Стефан имавме прилика да го гледаме во „Ѕвездите на Гранд“, а тогаш најголема поддршка му беше неговото семејство.

Неговата мајка и идната свекрва на Ана, Јадранка Величковска им честиташе на младите за нивната свршувачка посакувајќи им нивната љубов да им трае вечно.

Еве како изгледа мајката на Стефан, а свекрвата на Ана.

фото: фејсбук/јадранка величковска/инстаграм/стефан величковски

 

To top