Мегафон премиера

Вака изгледа првата македонска еротска комедија – „Making OFF“ (ВИДЕО)

Вака изгледа првата македонска еротска комедија – „Making OFF“  (ВИДЕО)

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг оф“ ќе се одржи на 6 септември 2018 г. во 20.30 часот во кино салата „Синеплекс“.

Филмот е проект на продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски.

„Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6 септември на редовниот репертоар во „Синеплекс“ и низ кино-салите ширум Македонија.

Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

„’Мејкинг оф’ е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот.

Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов?“, вели режисерот Кузмановски.

Кинематограф на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат: Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички, Мартин Минговски и неодамна починатиот  Ванчо Петрушевски. 

Погледнете го трејлерот:

To top