Без оглед на тоа што Тамара Ѓуриќ минатата година имаше големи проблеми кога во една приватна клиника во Белград правеше естетска корекција на задникот, па како резултат на компликациите по операцијата дури и доживеа клиничка смрт, сега повторно отиде под нож.
Таа се погрижи да не ризикува овој пат, па одлучи нејзиното газе да го препушти во во рацете на најдобриот експерт на светот. Благодарение на него, една светски позната старлета, но и една поп ѕвезда од нашиве простори имаат задници зад кои сите се вртат.
Тамара чека целосно да се опорави откако тимот експерти од ВМА и ги извади аквафилерите кои и направија хаос во организмот, па неодамна престојуваше во Истанбул, каде што во една од најпрестижните болници го среди задникот. Иако по неколку операции, рече дека жали што одлучила да го зголеми задникот, очигледно се премисли, па повторно одлучи да оди под нож.
За среќа, интервенцијата била успешна, а Тамара сега има газе какво што таа отсекогаш сакаше.
Пост-оперативниот тек минал во најдобар ред, а неа ова болно задоволство ја чини околу 30.000 евра. Нејзиниот задник сега е направен од природни материјали, а Ѓуриќ е конечно среќна и задоволна. А Вие?