Сандра Митровиќ, најстарата ќерка на Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк, живее во Америка со години, каде се школуваше и каде стана одличен режисер.
Сандра (28) е мулти-наградувана режисерка и драматург, а на само 14-годишна возраст го сними својот прв краткометражен филм.
Таа е една од ретките студенти што направи пренос во живо од познатата Ројал Алберт Хол, а седумте филмски остварувања го одбележаа нејзиното издигнување во светот на уметноста.
Делато „Ostoja will move your piano“ освои голем број на светски фестивалски награди. Сандра ретко доаѓа во Белград, но затоа тато Жељко редовно е кај неа во Амрика на гости.