Ќерката на НБА легендата Владе Дивац, Петра Дивац, на многу емотивен начин го одбележа месецот на врската со својот избраник Михајло Веруовиќ.
Зборовите кои во таа прилика му ги упати на згодното момче од Пријепоље наведоа многумина да помислат дека двојката во љубовта е чекор поблиску до брак.
„Вљубена сум во тебе, се чувствувам слободна покрај тебе. Не можам да го правам ова што го нарекуваат живот без тебе, затоа што опасно сум заљубена“ – му порача на својот избраник преку песна Петра, а многумина нејзиниот потег го протолкуваа како прв знак за следниот чекор во врската, можеби дури и набрзо веридба, па дури и свадба.
Фото: Инстагрм принтскрин/divaccp