Промотер

Вака изгледа „Говорот на телото“ на Елена Велевска (ВИДЕО)

Вака изгледа „Говорот на телото“ на Елена Велевска (ВИДЕО)

Фолк пејачката Елена Велевска важи за една од најпопуларните македонски фолкерки, за што доказ се бројните настапи дома и во дијаспората.  Секој свој нов проект го работи темелно, маркетиншки осмислено, креативно и иновативно, па така беше овој пат. Имено, таа на публиката и го подари новото видео за нејзината стара песна “Говорот на телото”, кое првото таканаречено „верикално видео“ снимено кај нас, а го изработи „Томато продукција“,  додека како режисер на истото се потпишува  Бане Поповиќ.

Позитивните коментари, реакции за не стивнуваат, видеото брои илјадници прегледи за кус временски период, а Велевска споделувајќи го видеото во етерот го напиша следното:

 

“Драги мои, сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага – нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. “Говорот на телото” од првиот ден го имаше вниманието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики…

Не го следевме трендот на повторно снимање на песната, бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција. Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму “Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од фолк етерот”, напиша фолк пејачката.

Погледнете како игледа „Говорот на телото“ на Елена Велевска:

To top