Радио Милева ѕвезда „во сенка“

Вака изгледа денес: Се сеќавате ли на убавата Ѓина од култната серија „Среќни луѓе“?

Вака изгледа денес: Се сеќавате ли на убавата Ѓина од култната серија „Среќни луѓе“?

Во култната ТВ серија  “Среќни луѓе” се појави како бринета со прекрасни очи и со одлучен глас. Таа ја замени Дубравка Мијатовиќ во улогата на  младата студентка по медицина Ѓурѓина, Ѓина Голубовиќ и одлично се снајде во улогата. Публиката веднаш ја засака тогаш младата Југослава Драшковиќ. Така Југослава (48) стана позната по серијата “Среќни луѓе”, каде што се здоби голема популарност.

Инаку таа  дипломирала во класата на Раде Шербеџија на Академијата за драмски уметности во Нови Сад.

Актерката пред улогата на Ѓина имала мала епизодна улога на девојката што имала сеанса кај магионичарот Чарли, но речиси никој не ја ни забележал.

Затоа улогата на Ѓина пак и донесе  голема популарност, но по завршувањето на серијата, Југослава едноставно исчезна од малите екрани.

Сепак, продолжи со својата актерска кариера во белградскиот театар “Пуж”, каде што игра веќе 23 години.

По повеќе од дваесет и три години одново застана пред камерата во филмот Зона Замфирова – втор дел, каде што ја игра мајката на главната хероина.

Таа не се „тепа“ толку многу за нови филмски  улоги, бидејќи таа ќе ја најде својата среќа во семејството и во бизнисот кој сепак е врзан за филмот.

Таа е успешна деловна жена и со нејзиниот сопруг води компанија која се занимава со прикажување и дистрибуција во филмската индустрија. Тие ја имаат ќерката Маша.

Фотографиите покажуваат дека Југослава и по толку многу години воопшто не загубила ниту од шармот,  ниту од својата  убавина.

To top