За српската фолк дива Драгана Мирковиќ парите не се проблем. Ги има колку сака, зашто е мажена за богат бизнисмен, живее во Австрија а и самата добро заработува. И со пеењето и со својата ДМ ТВ.
Затоа реши да си даде малку оддишка, па замина на одмор и релаксација на Азурниот брег, во Монако и Монте Карло, најмонденските места во Европа. Луксузен хотел, уште богат кетеринг, елитни ресторани, врвни специјалитети, скапи вина… Драгана ужива како да е француска кнегиња, а не српска пејачка.
Така уживајќи во гастрономската понуда ја начекаа музичари, кои одат од маса до маса, свират, пејат и ги забавуваат гостите, патем заработувајќи за живот. Нешто слично како кога Мирковиќ на времето почнувала во кафеана, само нивото е малку подруго!
Современите „рок ен рол маријачи“ дојдоа и до масата на Драгана, мислејќи дека ќе ја фатат неспремна,ама… Очигледно не знаеле на кого налетале!
„Битлси“ и „All My Loving“, дод уша во „Лос Манолос“ верзија, за дамата ово аголот. А, дамата стопатаи поголема ѕвезда од музикантите. па кога викна да запее што сама, што заедно со нив, па уште и со седечка кореографија… за миг им го украде шоуто! До душа, не видовме дали и бакшишот, односно дали беше галантна до крај или само расположена, распеана и… скржава?!
Како и да е, погледнете како српската фолк пејачка ги стави „во мал џеб“ распеаните „маријачи“ одржувајќи им лекција по рок ен рол!