Даниел Кајмакоски е повторно актуелен… Само што сега пејачот „Глуми дека сака“! Или поточно, така пее!
„Зошто ме предаде ти, кажи ми, можеш ли барем на крајот да не ме лажеш, можеш ли…? Овој ѕид го дели мојот свет на два, во еден дел, ти, во другиот јас… Јас глумам дека сакам после тебе, зашто се плашам во срцето да го стопам мразот, јас лажам дека сакам, се лажам себе, кога друга со допир ќе ме разбуди од сонот, јас секогаш бегам“…
Вака некако отприлика одат стиховите кога Даниел Кајмакоски пее за тоа дека „Глуми дека сака“ (Глумим да волим), во најновата песна испена на српски јазик, која набргу по враќањето во Белград ја сними во студиото на „Скај мјузик“ за потребите на ТВ шоуто „Студио“, продуцирано од истата продукциска куќа, кое оди секоја сабота на првиот канал на националната РТС 1.
Музиката ја напишал самиот, во текстот „како создаден за него“ преточен во стихови од маестралниот македонски лиричар Огнен Неделковски и извесна Данијела Илиќ, многумина на прва го препознаа она што Даниел Кајмаковски го доживува во себе по разводот со екс сопругата Кристина Димитриевска?
Дали стиховите се „чиста случајност“ која се поклопила со реалноста, или наменски пишувани по негови кажувања како парче од неговата животна биографија, останува или авторот или самиот изведувач да се произјаснат. Судејќи по тоа дека Даниел Кајмакоски „тешко и ретко отвора душа“, останува една друга дилема: Дали пејачот е навистина толку многу погоден од разводот или „секое зло за добро е“, па „вешто ја користи“ таа ситуација за „ревитализација“ на својата кариера!?
Одговорот во првата следна прилика за интервју со Кајмакоски, кој „Глуми дека сака“… ама засега, само во песна, која звучи вака: