Македонскиот голман Борко Ристовски претходната година стави потпис во матично и заплива во брачните води со Николина.
Меѓутоа, парот тогаш не направи прослава туку свадбената церемонија беше на почетокот на оваа година.
Борко и Нина направија забава во познат луксузен хотел во Скопје, а веднаш по венчавката заминаа на пат бидејќи Борко имаше натпревари.
Вчера, 14 февруари во западниот свет се слави како „Денот на вљубените“, а оваа традиција се прифати и кај нас.
Некои го празнуваа СВ. „Трифун“, а некои „Денот на вљубените“. Така многу вљубени парови вчераа го славеа денот на вљубените.
Некои го одбележаа со романтична вечера, со некое патување, со некој подарок за саканиот/саканата.
Борко во кратките приказни на „Инстаграм“ објави заедничка фотографија со Нина, а во описот напиша: „Среќен ден на вљубените, бебе мое“.
За потсетување, Борко и Нина заедно го имаат и синот Душан кој во октомври оваа година ќе наполни две години.