Радио Милева

Уживаат во првите брачни денови: Филип Божиновски и сопругата заминаа на меден месец (фото)

Уживаат во првите брачни денови: Филип Божиновски и сопругата заминаа на меден месец (фото)

Сите го паметиме Филип Божиновски по учеството во регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Со појавување во ова шоу, Филип стана миленик на публиката и важеше за еден од фаворитите.

По шуото, музичката кариера убаво му тргна на Филип. А оваа година на добро му тргна и приватниот живот. Односно во февруари, Филип ја побара за сопруга својата девојка Сања со која беше во врска 12 години.

Претходната недела Филип и Сања официјално станаа сопруг и сопруга. Свадбата се одржа во еден познат скопски ресторан, а меѓу пристуните имаше и познати лица од македонската естрада.

По свадбата, Филип и Марија заминаа на меден месец.

За своја дестинација, тазе сопружниците ја одбраа Италија. Божиновски на својот Инстаграм сподели неколку фотографии и покажа како ужива во првите брачни денови.

фото: фб/инстаграм

To top