Пејачката ги спомена рестораните, сушито и „модерните“ деликатеси, а ја коментираше и разликата во кујната.
Сека Алексиќ наполни чинија со грав, седна да јаде и откри што најмногу сака кога е храната во прашање.
– Кога ќе почнат да ми се фолираат, ресторани, суши… Ми се гади од ресторани и суши и се останато.Грав! Цел живот јадам грав и нема ништо поубаво од леб и грав. Знаеш што друго сакам?Со него млад кромид, па лута пиперка, ајвар… – рече Сека Алексиќ, не криејќи го ентузијазмот за вкусната храна.
@seka_aleksic Šta fali pasulju?! 😋😋😋@Stanislav Zakić ♬ original sound – Seka Aleksić
Инаку, Сека на социјалните мрежите покажува „обичен“ живот, па не се двоуми да зборува колку и е тешко кога е на диета, ама нема проблем да јаде леб и ајвар на сред аеродром.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ТикТокСека Алексиќ/