Пејачката Гоца Тржан во својата емисија „Ако зборувам“ ја допре темата за сексуално вознемирување, а јавноста ја налути коментарот што и го испрати на жена од публиката.
Видеото се појави на мрежите и веднаш стана вирално, а на негативните коментари не им се гледа крај.
Имено, Гоца се интересирала да ги слушне искуствата на жените од публиката.
– Дали некогаш ви намигнале од автомобил или од градежниците на улица? Дали тоа с*ксуално ве вознемирува? – праша Гоца, по што следеше потврден одговор од една жена од публиката, што ја изнервира пејачката:
– Што има толку грдо во тоа, дали сте нормални? Па, да ги нема овие градежници, никој никогаш немаше да ти каже дека си добра девојка – рекла Гоца и почнала гласно да се смее, а твитерџиите и кажале дека „ништо смешно не гледаат во тоа“.
Bravo Goco, izabrana si za Bumerku godine pic.twitter.com/7MCITp7cpN
— Alek Star (@radnaskelaxx) February 19, 2023
„Не го очекував тоа од мајка на тинејџер“, „Толку опуштено кажува такви работи, а мајка на женско дете… Ужасно“, „Искрено ништо не е смешно во овој клип“ , „Ова не е смешно, што зборуваш. Многу тажно“ – се само дел од коментарите на гневните твитерџии, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеото погоре.
Фото: Принтскрин/Твитер/Ако проговорим/