Северина на загрепската премиера на филмот „Последниот Србин во Хрватска“ ги привлекувала погледите променета во розов фустан, иако на социјалните мрежи во центарот на вниманието било нејзиното лице.
Пејачката на премиерата дошла со сопругот Игор Којиќ, кој исто така има мала улога на зомби во филмот, а за хрватските медиуми Севе открила што се’ ја воодушевило.
„Ова според мене е еден од најдобрите домашни филмови во последните 10 години, многу ми се допаѓа. Сите ликови се одлични, но јас најмногу ја сакам Христина Поповиќ“ – рекла Северина за хрватски „Индекс“.
Многумина коментирале дека 46 годишната ѕвезда ниту малку не изгледа како на фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
Изгледот на лицето на пејачката, која никогаш не зборувала за своите пластични операции, освен дека го оперирала носот поради, како што рекла, девијации на септумот, предизвикала лавина од коментари и дебата на социјалните мрежи.
И’ додека едни тврдат дека се „изобличила поради ботоксот“, други ја бранат наведувајќи, што е на сите неизбежно, дека едноставно остарела. Ама, преку ноќ?