Мегафон
последна клапа

Успешно заврши снимањето на филмот „Кома“

Успешно заврши снимањето на филмот „Кома“

Удрена беше и последната клапа на долгометражниот филм „Кома“ кој изминатиов месец се снимаше на неколку локации во главниот град. Се работи за трогателна пријателска приказна полна со емоции, а креаторите на филмот велат дека никој нема да остане рамнодушен.

Филмот е во режија на Агим Абдула чиј гостин беше големиот ирански режисер Шахрам Мокри. Продуценти на филмот се Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили, а директор на фотографија е Душан Кардалевски.

Главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари и косовскиот актер Насер Рафуна, а се појавуваат и големи актерски имиња од Албанскиот театар како Адем Карага, Рефет Абази и Теута Ајдини. КОМА е поддржан од Агенцијата за филм, а сетот го посети и директорот Бојан Лазаревски.