Радио Милева

Уште една вработена на Меган Маркл даде отказ во кралското семејство

Уште една вработена на Меган Маркл даде отказ во кралското семејство

Меган Маркл не престанува да прави скандали во кралското семејство, а најновиот е дека една од вработените која работела претходните година дена ќе ја напушти работата во кралското семејство.

Нејзините колеги се тажни бидејќи таа одлучила да замине во странство и да ја прекине соработката со војвотката од Сасекс.

Имено, станува збор за личната асистентка на Меган Маркл, па така сите велат дека Меган нема добра комуникација со вработените бидејќи ова не е прв отказ откако се омажи за принцот Хари.

Сепак, Еми која последната година работела за Меган одлучи да помогне на кралскиот пар да се пресели во новиот дом, но и да биде покрај Маркл додека да се породи, а потоа заминува во странство.

 

 

To top