Радио Милева
многу добро го знам тоа однесување

Уште една позната југословенска глумица го обвини Бранислав Лечиќ за силување: „Знаеш ли кој сум јас, треба да ти е чест што те поскаувам“ (ФОТО)

Уште една позната југословенска глумица го обвини Бранислав Лечиќ за силување: „Знаеш ли кој сум јас, треба да ти е чест што те поскаувам“ (ФОТО)

Некогаш многу популарната и надежна југословенска актерка Мерима Исаковиќ, која доживеа тешка несреќа на 21 година и остана неподвижна, одигра голем број успешни улоги, сега се присети на деталите поврзани со Бранислав Лечиќ и откри дека актерот ја силувал и неа.

Мерима, која се запишала на глума со само 16 години,  по несреќата која засекогаш и го промени животот се пресели во Австралија и сега работи како психолог. Во интервју за „Недељник“, таа раскажа како се чувствува во врска со случајот со Данијела Штајнфелд, која го пријави Лечиќ за силување.

Таа призна дека Лечиќ и неа ја силувал кога имала само 18 години, додека тој имал 22:

„Имав 18 години. Ме втурна во станот: ‘Не обидувај се да врескаш, ионака никој нема да те чуе’, ми рече и ме собори на подот. Почувствував како ме крши, секоја коска ме болеше. Само не вака. Те молам, Боже!“ – раскажала Мерима.

„Го чувствувам тој здив, мирисот на гнилеж. Застрашувачки поглед. Празен и црн. Очи без душа“ – вака ја опишала случката некогашната актерка.

 

„Дали знаеш кој сум јас? Треба да ти биде чест што те посакувам“. Страшна болка, се обвитка околу мене како некоја змија. Ми го соблече фустанот, се обидуваше да ми ги рашири нозете. Тоа е како да ме крши со клешти … Ако успее, ќе умрам вечерва … Драг Боже, не вака, само не вака. Сè што ќе се случи следно е како игра на смртта. Страв што вреска во мене додека тој се  насладува  врз мојата беспомошност. Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и ги молам луѓето внимателно да го прочитаат ова“ – се присети Мерима Исаковиќ. Ова не е прв пат да слушам за насилните постапки на Бранислав Лечиќ. Јас многу добро го знам тоа однесување. Би сакала да верувам дека ова е последен пат“ – ќе изјави некогашната југосовенска актерка.

Фото: Инстаграм принтскрин/dr_merima_isakovic/branislavlecic

Останати вести од Радио Милева