Промотер

Уште една необјавена песна на Влатко Илиевски – „Со тебе најдов среќа“ (ВИДЕО)

Уште една необјавена песна на Влатко Илиевски – „Со тебе најдов среќа“ (ВИДЕО)

Таткото на Влатко, Драган Илиевски – Вршац уште минатата година најави дека во подготовка се две цедиња со песни што ги отпеал Влатко, како и монографија за неговиот професионален и приватен живот. Монографијата ја подготува музичкиот новинар Иван Беќковиќ. Во книгата ќе се користат и огромен број на исечоци од медиумски натписи за Влатко кој неговиот татко со години ги архивирал.

„Подолго време со колегите на Влатко се договаравме да направиме нешто за да го зачуваме од заборавот она што тој го испеа. Во најскоро време ќе се издаде цеде „Најдобро од Влатко“, а потоа се подготвува уште еден носач на звук со необјавени песни. Има снимки со композиции на Кристијан Габровски, Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова, кои требаше Влатко да ги објави на новиот албум, кој, за жал, не ја здогледа светлината на денот. На албумот ќе има бонус, „Не желиш крај“ од „Дивље јагоде“ и песна што ја сними со „Генерација 5“ – „Најјачи“ – најави тогаш  Драган Илиевски, а книгата и носачите на звук се планираше и настан насловен „Пријателите за Влатко“ со намера овој настан да прерасне во традиција, но заради корона пандемијата до тоа не дојде.

Затоа пак, деновиве промовирана е уште една необјавена песна на никогаш непрежалената македонска ѕвезда, со наслов „Со тебе најдов среќа“, за која видеото го  измонтирал Дејан Таневски.

Песната е дело на Кристијан Габровски, а е промовирана како уште една најава за албумот со необјавена песни на Влатко Илиевски, кој наскоро ќе биде промовиран.

To top