Радио Милева
по втор пат мајка

Уште една македонска ТВ убавица, се породи на Василица: Водителката Милена Антовска на свет ја донесе ќеркичката Јоана (ФОТО)

Уште една македонска ТВ убавица, се породи на Василица: Водителката Милена Антовска на свет ја донесе ќеркичката Јоана (ФОТО)

Празникот Василица доби посебно значење за  познатата македонска ТВ водителка  Милена Антовска и нејзиното семејство, зашто  токму на овој ден, таканаречената Стара Нова Година  таа на свет ја донесе ќеркичката која го доби името Јоана! Инаку, водителката денес по втор пат стана мајка, а нејзината прва ќеркичка Лана Марија,  со нетрпение го чекаше доаѓањето на свет на нејзината помала сестричка, па така сега таа си доби малечка дадичка.

Милена ден пред тоа го прослави својот 35 роденден, а на социјалните мрежи на своите пријатели, обожаватели и следбеници им соопшти дека голема роденденска забава нема да има,  бидејќи во секој момент  таа очекува да се породи, што и набргу се случи. Во иднина мама Милена и нејзината ќерка Јоана задно ќе славата Василица со целото семејство, ама и една по друга ќе ги прославуваат своите родендени.

Разбирливо, честитките се редеа на социјалните мрежи од роднините, пријателите, колегите, а и самата Милена, која покрај тоа што е позната ТВ водителка во последно врема важи и за ревносна инфлуенсерка,  веднаш ги сподели на својот Инстаграм.

Како што пред некое време, непосредно пред да се породи го најави моментот на доаѓање на втората ќеркичка на свет, па сподели како се справува со втората бременост во животот.

„Не секој ден од бременоста е лесен, но секое ново утро ме носи поблиску до тебе. Знам дека нема да биде лесно, но сигурна сум дека ќе вреди“ – објави  тогаш Милена  на фотографија  направена на еден настан, која таа е сликана во поодмината бременост.

Сега кога се породи, а таа и сопругот Гордан го добиа својот втор ангел Јоана, знае дека била во право, зашто навистина вредело. Нека им е со среќа, нека им е жива и здрава и втората ќеркичка и цел живот да ги прави горди родители.

Фото: Инстаграм принтскрин/milena_antovska

Останати вести од Радио Милева