Радио Милева
засекогаш негова...

Уште една македонска “Гранд ѕвезда“ го кажа судбоносното ДА: Се ожени и Ален Хасановиќ (ФОТО)

Уште една македонска “Гранд ѕвезда“ го кажа судбоносното ДА: Се ожени и Ален Хасановиќ (ФОТО)

Ален Хасановиќ го држеше љубовниот живот далеку од очите на јавноста, но пред нешто повеќе од еден месец реши да ја запроси својата девојка, а сега можат да се пофалат дека двајцата го кажале судбоносното „ДА“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)

Иако звучеше мистериозно, кога пред неколку месеци во една од емисиите на Гранд се „шегуваше“ дека ќе се жени, сега потврди дека веќе знаел за убавата Аида дека е онаа, вистинска.

Нивните семејства и пријателите се собраа вчера да го прослават нивниот посебен ден, а младенците ја задржаа насмевката на нивните лица. За овој незаборавен ден тие го надминаа очекуваниот стајлинг, па невестата блесна во розова венчаница со тантела на горниот дел, додека младоженецот облече сиво палто и бела кошула кои ги искомбинирал со црни панталони.

Прославата без преголема помпа се одвивала во еден ресторан каде до доцните часови се славело со најголемите свадбени хитови како: „Се мажам“, „Данас мајко жениш сина свог“, „Жени ми се брат“ и многу други. Со заедничка фотографија Ален ги извести своите следбеници дека е среќен човек.

„Засекогаш моја“ – напишал пејачот-младоженец украсувајќи ги постот и фотографијата со емотикони од срца.

Нека му е со среќа брачниот живот и многу дечиња му посакува редакциијата на Вистина.ком.мк!

Фото: Инстаграм принтскрин/alen_hasanovic

Останати вести од Радио Милева