Радио Милева сака се сама да постигне сама

Уште една кандидатка ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и не сака да потпише договор – ова се причините

Уште една кандидатка ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и не сака да потпише договор – ова се причините

По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ уште една кандидатка ги напушта „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, Стела Раде по долго размислување дали да остане во музичкото шоу донела одлука да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.

Пејачката на својот „Јутуб“ канал откри зошто повеќе не сака да биде дел од музичкото шоу и што планира да прави во иднина.

„Се откажав од Ѕвездите на Гранд. Немам ништо против продукцијата, ми беше убаво, уживав, беше убаво искуство за мене. Научив многу работи, но сфатив дека тоа не е мојот пат“, вели Стела.

фото: принтскрин/звезде гранда/јутуб стела раде

„Не сакам да потпишам договор со Гранд. Отварам свое студио и продукциска куќа. Со момчето работам на песната која наскоро ќе ја објавам. Одлучив да одам по подолгиот и тешкиот пат бидејќи не сакам мојата кариера да се гради на шпекулации“, вели кандидатката.

Таа истакна дека ги препознала своите преоритети и дека не сака да остане во Гранд.

фото: принтскрин/јутуб

„Не велам дека тоа е лош пат, многу луже се прославија со Гранд, но јас не сум „тој тип“. Цел ми е да имам свој мир и да изградам свој музички универзум. Јас и да останав во натпреварувањето немаше да го дадам својот максим“, вели Стела.

Инаку, таа беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

To top