Радио Милева

Уште една јавна личност се „фрли на разубавување“ и се препушти во рацете на македонскиот фризер (фото)

Уште една јавна личност се „фрли на разубавување“ и се препушти во рацете на македонскиот фризер (фото)

По речиси два месеци, полека почнаа да се разлабавуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Деновиве започнаа повторно да работат фризерските и козметичките салони, а таму навалија македонските јавни личности , но со чекање ред кој ќе има среќа да закаже термин бидејќи бројот на клиенти за работа е ограничен, а задолжителна е и дистанца и носење на заштитна маска.

Познатите се упатија кај своите омилени фризери, шминкери, козметичари. Некои од нив ја скратија косата, други се фенираа, трети депилираа влакна во носот, средуваа нокти, лице…секој по потреба.

Тамара Тодевска, Елена Велевска, Елена Стефановска, Миа Костова, Лила Филиповска, Дарко Спејко се фрлија на разубавување.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kubea-vlanka-vo-nos-se-feniraa-farbaa-poznatite-makedonki-navalija-na-sreduvanje-foto/

И Огнен Здравкоски е меѓу оние кои деновиве по два месеци се упати во фризерско студио и одлучи да се препушти во вештите раце на познат фризер.

фото: принтскрин/инстаграм/огненздравковски

Имено, тој на социјалните мрежи објави фотографија од пред и по завршениот третман на косата, а во описот напиша:

Од денес па натаму мојот стајлинг за мојата коса го препуштив во најдобри раце, кај Даниел Николовски“.

фото: Инстаграм

Веруваме дека Здравкоски си заминал задоволен, а кога има потреба повторно ќе наврати во студиото на познатиот фризер.

To top