Иван Рајиќ е дисквалификуван од „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи не сакал да потпише договор од девет години.
Иван се огласи на својот Инстаграм и објасни во каква ситуација се нашол.
„Драги мои пријатели сакам да ве известам дека ова беше мојот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Би благодарам на сите за поддршката која ми ја дадовте. Сакам да се заблагодарам и на Гранд продукција на дадената прилика која ја искористив на најдобар можен начин. За жал, во овој момент не сум подготвен да направам голем чекор како што е потпишување договор на 9 години, па сакам да ве известам дека добив известување дека сум дисквалификуван и мојот пат завршува тука. Почувствував дека со потпишувањето на договорот се губи она што го претставува Иван Рајиќ. Во иднина ќе се посветам на други проекти, а можеби повторно ќе се видиме на најголемата сцена на Балканот, никогаш не се знае што носи животот. Можеби некои ќе мислат дека ова е грешка, не можам ништо против себе. Им посакувам среќа на сите колеги кои поминаа понатаму и со внимание ќе ве гледам до финале“, напиша учесникот во музичкото шоу.
Потсетуваме, неодамна беше дисквалификувана кандидатката Вања Кнежевиќ поради кавга и навреди со жирито на „Ѕвездите на Гранд“.