Катарина Каја Остојиќ го изнверува сопругот Џуниор Џека со хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ, пренесува „Информер“.
Пејачката и нејзиниот љубовник сами се издале така што на „Инстаграм“ објавиле видео од неговиот двор во Париз каде што го славеле нејзиниот 36 роденден.
Каја се снимила како лежи во розов костим за капење, а во описот на видеото пишува „Совршен роденден“.
Матео во тој момент го снимил неговиот имот и намерно или случајно ја снимил и Каја.
И тоа не е единствен доказ односно неодамна и двајцата објавиле фотографија од исто место во Париз.
Каја и понатаму е во брак со светски познатиот диџеј.
„Каја и Џуниор од непозната причина не сакат да се разведат, но живеат разделно. Затоа таа од време на време најде некој љубовник“ вели извор близок на пејачката и додава:
„Каја сака млади типови, а посебно е слаба на фудбалери. Таа и фудбалерот се заедно цело лето, не знам зошто се кријат. Не знам што им требаше да се издадат на Инстаграм. Од друга страна, Џуниор не се интеренсира што прави Каја. Кој знае каков е неговиот живот“ вели изворот.
Каја не се јавувала на телефонските повици на новинарите.
„Џуниор е многу љубоморен и често му се правдав. Повеќе не.Ние сме најдобри другари и многу се сакаме. Не се контролираме еден со друг. Имаме потреба често да разговараме и да бидеме отворени еден кон друг“ неодамна изјави пејачката за својот брак.
По овие пишувања, Каја се огласи на социјалните мрежи каде што сподел фотографија од себе и напиша: „Кој иде против тебе со лаги, ти му врати со насмевка“.