Радио Милева плагијат

Уште еден скандал на Евровизија 2022: Претставникот на Израел ја ископира песната „До јаја“ на „Тrik FX“

Уште еден скандал на Евровизија 2022: Претставникот на Израел ја ископира песната „До јаја“ на „Тrik FX“

Наталија и Сани Ибраимов од групата „Trik FX“ се најдоа среде сканал на светско ниво.

Имено, преставниците на Израел на Евровизија 2022 ја ископираа нивната песна „До јаја“ од 2009 година.

Пејачот Мајкл Бен Давид победникот на „Х фактор“ ја изведува песната „I.M“ .

Меѓутоа некои корисници на Твитер и на други социјални мрежи тврдат дека песната е плагијат и дека јасно се слуша сличноста меѓу песната на „Тrik FX“ и изреалскиот преставник на Евровизија.

-Изралеската песна треба да биде дисквалификувана поради непочитување на евровизиските правила. Таа е иста како песната на „Trik FX“, е еден од коментарите на Твитер.

Наталија и Сани се огласија по овој повод и истакнаа дека им е драго што дел од нивната песна ќе се појави на Евровизија.

-До јајаа! Тооо одиме! Песната е одлична. Ликот е супер. Му посакуваме успех и пласман. Немаме ништо против што дел од нашата песна е искористен за неговата песна. Да ја ископираше целата песна можеби ќе размислувавме за тужба, а вака, бидејќи се работи за дел, нема врска…изјавија тие за курир.рс

За потсетување, ова е втор плагијат на овагодинешното издание на Евровизија. Шпанските претставници ја ископираа песната „Екстравагантно“ на Дара Бубамара.

фото: принтскрин/јутуб

To top