Проблематичниот холивудски актер Шија Лабоф одлучи да се разведе од својата партнерка Маја Гот.
Популарниот актер потврди дека се разведува од сопругата, а папараците го снимија како излегува од домот на британската пејачка Талиа Дебрет Барнет позната како ФКА Твигс.
Се разделија во пријателски односи, а сите детали за разводот ќе им бидат познати само ним.“ Оваа потврда била објавена на интернет.
Шија и Талија се запознале на снимање на филм во Лос Анџелес, а во последно време многу често се заедно во Лондон.
Лабоф и Гот се венчаа во 2016 година, а одлуката за развод ја донесоа преку ноќ.