Во претставата се зборува на македонски и српски јазик. Урнебесна хит комедија за сите, ивент на Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов” Штип и Театар Штип
Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија. Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра мега популарната актерка од бившите Ју простори Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата ,,Бољи живот”, ,,Жикина династија” и уште многу други тв и театарски улоги.
Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата ,,Обвинителка” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата.
ПРЕМИЕРА:
29.03.2023 (среда) – Народен театар Штип / Почеток: 20:00 часот
Резервации: 070 729 430 / 071 394 517 / 077 533 668 / 070 933 002 https://nuckacosopov.com/kupi-bilet/
Автор: Огнен Неделковски
Режија: Сашо Ристовски
ИГРААТ:
Лидија Вукиќевиќ – гостинка од Србија
Магдалена Ризова – Черних
Сашо Ристовски
Костими: Елена Лука
Сценографија: Крсто Богојевски
Музика: Мишел Трајковски