Девојките од групата „Ураган“ Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ откриваат дека имаат голема желба да се омажат во 2022 година и сите три да направат заедничка свадба.
„Ивана, Ксенија и јас сакаме да се венчаме во 2022 година. Во исто време ќе правиме и заедничка свадба. Тоа би бил спектакл. Замислете како би изгледале сите тие гости на едно место. Колку гости би имале, лесно би можеле да ги поканиме сите да дојдат во Арена и во исто време таму да направиме и свадба и концерт. Но, секој ќе мора да донесе подароци, особено пликови со пари“ – дала необичен свадбен предлог Сања Вучиќ.
Дали ќе дојде до негова реализација и дали воопшто некоја од нив сепак ќе застане пред олтар… да почекаме. Годината тукушто започна!