Ќерката на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ е многу активна на социјалните мрежи каде споделува детали од нејзиниот приватен живот. Луксузните патувања, облеката, времето поминато се само дел од она што Уна им го покажува на своите следбеници. Златната прашина која ја има нејзиниот татко и со која ги маѓепса сите со талентот што го поседува, дефинитивно ја наследи и неговата ќерка која со својата харизма го привлекува вниманието на јавноста.
Сепак, препознатливоста и атрактивниот физички изглед имаат свои лоши страни, па Уна се нашла на мета на измамник кој направил профил со нејзината слика на страницата за запознавање – Тиндер.
Додека пак тоа Уна Чолиќ веднаш го објави на Инстаграм и напиша:
– Не знам како функционира ова, но кој има Тиндер нека го блокира пациентот што лажно се претставува – остро порача ќерката на Здравко Чолиќ.
Инаку, „Tinder“ е апликација која освен што бара сродна душа, им служи на корисниците и за некои по опуштени варијанти.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Уна Чолиќ