Тогаш младата пејачка Ивона Неговановиќ Цуца си ја испроба среќата во музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, а се прослави откако откри дека долго време се гледа со кралот на народната музика и дека е негова љубовница.
Таа во едно интервју откри дека се гледале во неговата куќа во Крчедин, а сопругата на пејачот Гордана „сакала да ја унакаже“. Цуца опишала и каква била нејзината средба со Шабан, а кога се запознале имала само 14 години.
„Имав 14 години кога го сретнав во кафеана каде што пеев. Сите ми велеа: „Шабан те гледа, Шабан те гледа…“ Многу ми беше срам! Размислував зошто гледа кон мене… Така започна се. После тоа ме врати од Босна во Белград и останав таму. Оттогаш никогаш не сме разделени“, ќе изјави Цуца.
View this post on Instagram
По смртта на пејачот уште повеќе се шпекулираше за нивната афера, додека Цуца отворено изјави за медиумите дека е многу потресена од смртта на Шабан, и дека можела да насети дека нешто лошо се случило.
„На денот на смртта на Шабан станав во 7 часот наутро иако не се будам рано. Наеднаш почувствував глад и јадев баварски кифла. Како да почувствував дека нешто се случило. Потоа се вратив во кревет за да продолжам да спијам. Околу 11 часа видов многу пропуштени повици. Веднаш му се јавив на Шабан на телефон. Заѕвони, но тој не се јави. Потоа му се јавив на кумот, но ни тој не одговори. Кога конечно го добив, му реков: „Куме, каде си? Како е тој?“ Кумот потоа почна да плаче и рече: „Не знам каде е Шабан“. Плачевме заедно“, ќе изјави Цуца и ќе додаде: „По неговата смрт ослабев 10 килограми. Не јадам, не пијам, не спијам, не дишам… Умрев заедно со Шабан. Тој го помина целото време со мене додека неговото семејството беше надвор од земјата. Бевме заедно 15 години. Го сакав само Шабана и сигурна сум дека никогаш нема да се омажам“, изјавила тогаш таа.
Сепак, Ивона подоцна се омажи и основа семејство, по што се повлече од јавноста. Денес Цуца вака изгледа!
Фото: Инстаграм принтскрин/cuca_official