Фолк пејачката Татјана Лазаревска заедно со семејството односно сопругот Новица и синовите Петар и Стефан веќе неколку години живее во Австралија каде што купија куќа.
Таа е активна на социјалните мрежи каде редовно ги известува своите фанови, фејсбук пријатели, роднини во Македонија како го поминува времето, што прави, некогаш знае да се вклучи и да запее македонски песни.
Додека кај нас владее зима и зимските температури, па и снежно време, за Лазаравска е лето и ужива во топла клима.
Додека ние сме облечени во зимски капути, јакни, шалови, капи, македонската пејачка ужива во бикини под зраците на сонцето, ем фаќајќи боја ем полнејќи се со витамин Д.
За 8-ми март, Татјана позираше со нејзината мајка, па на жените им го честиташе празникот.
Овој пат, пејачката позираше во бикини едната на столче, додека се сонча, а во описот на објавата го напиша стихот од српската евровизиска песна „In corpora sano“ која овие денови е хит на социјалните мрежи.
-Уметница мора биди здрава, напиша Татјана покрај фотографијата.
Кој знае да ужива, знае, а нашата пејачка дефинитивно ужива во Австралија.
Инаку, Татјана неодамна славеше роденден и наполни 47 години.
фото: инстаграм/tatjanalazarevska_official