Радио Милева
75 годишна госпоѓа

Угледна новинарка и дама со стил: Ова е мајката на Амал Клуни (фото)

Угледна новинарка и дама со стил: Ова е мајката на Амал Клуни (фото)

Амал Клуни уште еднаш покажа дека е врховното божество и дека и нема рамна. На наградите „Алби“, одржани под покровителство на фондацијата на нејзиниот сопруг Џорџ Клуни, занесната адвокатка беше најголемата ѕвезда.

Амал блескаше во целосна смисла и сјај, благодарение на широката насмевка, харизмата и сензационалниот бел фустан во кој изгледаше како некоја древна божица.

Донатела Версаче дизајнира елегантна тоалета, совршен избор за гламурозен настан што се одржува во зградата на Јавната библиотека во Њујорк.

На листата на гости беа Синди Крафорд, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Мерил Стрип, Рејчел Вајс и Даниел Крег, Емили Блант, Ен Хатавеј, Алиша Кис, Мет Дејмон, Софија Вергара, Хајди Клум… Но, сите погледи беа вперени во пар кој ги пречека гостите и ја организираше гала вечерта, а тоа се Амал и Џорџ.

Во класичен смокинг со машна, холивудскиот срцекршач докажа дека некои мажи навистина изгледаат подобро како што стареат и дека има нешто неодоливо во неколку сиви линии во неговата коса. Во неговиот случај, за тоа веројатно придонел и фактот што ја нашол жената на својот живот.

Сепак, синоќа можевме да видиме и кој е „виновен“ за тоа. Сопругата на Клуни на церемонијата ја донесе нејзината мајка Барија Аламудин, почитувана новинарка и колумнистка специјализирана за Блискиот Исток. Таа, меѓу другото, е позната и по тоа што последна ја интервјуираше поранешната индиска премиерка Индира Ганди.

Гламурозната дама има 75 години и нема проблем да лета од Лондон, каде што живее, до Њујорк за да ги посети ќерка си и внуците. Познатиот актер има посебен однос со неа и би се рекло дека се многу блиски.

фото:Cindy Ord/Getty Images

Останати вести од Радио Милева