Таа важи за скромна, ненаметлива, од Бога дарена со талент за пеење со глас на кој не остана рамнодушен целиот Балкан.
Девојката од Струмица што ја направи горда Македонија и ја однесе победата од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Веќе знаете, станува збор за актуелната и последна „Гранд“ победничка Славица Ангелова.
Иако студира медицина, она што животот моментално и го трасира е музиката, особено што ја освои титулата на полуларниот музички натпревар. Посветена на се’ Славица како и што најави, есенва е предана на музички план, па неодамна ја промовираше и новата песна која и припадна со победата.
Темата „Руже и крв“ е првото од Ангелова што излегува откако беше првонаградена, а песната во целост е дело на Александар Милиќ –Мили.
Кога пејачите имаат нешто ново на музички план, тогаш се и најактивни на социјалните мрежи, а Славица очигледно почна да учи и да го фаќа редот.
Па така, за своите следбеници се почесто објавува нешто од приватноста како. Овој пат, сподели еден фото спомен од минатото каде е малечко детенце.
Слатка, малечка и љубопитна за она пред себе, во случајот волан, а не докторски слушалки за што денес се образува.
Пејачка и идна докторка, сосема атрактвен и исполнителен спој за се’ она што и претстои од патот до успехот.
фото:Инстаграм принтскрин/Славица Ангелова