Радио Милева му се заканува 3 години затвор

Учесникот во „Ѕвездите на Гранд“ брутално претепал момче кое останало слепо?

Учесникот во „Ѕвездите на Гранд“  брутално претепал момче кое останало слепо?

Регионалните медиуми пишуваат дека учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Лука Мишкулин претепал момче.

Наводно, Лука заедно со уште  три момчиња во август 2018 година брутално го претепале момчето Иван Микуљан кој по тепачката ослепел.

Лука потекнува од Винковци, а тој дошол во Белград со неговиот татко Дарио, кој е началник на граничната полиција на преминот Бајаково. Според хрватските медиуми, Лука и Домагој Чулеј, синот на поранешниот пратеник на ХДЗ, Стево Чулеј, Даниел Ходак и Габријел Чекиќ, го претепале Иван Микуљан, кој бил во болница четири месеци, а еден ипол месец бил во кома и потоа останал слеп.

фото: принтскрин/јутуб

Стево Чулеј за медиумите изјави дека неговиот син не е виновен и дека во медиумите се кренала врева само поради неговото име.

„Сакам да бидат осудени бидејќи од мене направија инвалид, а не бев виновен. Не се тепав со никој од нив, не ги повредив, повеќето не ги познавам, ниту сум слушал за нив. Сакам да знам зошто го направија тоа бидејќи и понатаму не знам“, изјави Иван во една прилика за 24сата.хр

фото: принтскрин/јутуб

Истрагата покажала дека Лука е тој кој го удрил Иван силно во главата. На Лука му се закануваат три години затвор. Како што пишува 24сата.хр тој го препуштил првото рочиште, а кога редакцијата се обидела да го контактира Лука за коментар, тој не се јавувал на телефон.

Лука во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во декември и тоа на местото на кандидатка која не се појави бидејќи била болна.

To top