Радио Милева во прегратките на подземјето...

Убиениот наркобос Жила од Скопје година ипол бил во врска со оваа српска ријалити старлета: Ја претепал од љубомора, па и се заканил дека ќе објави компромитирачки материјали за неа (ФОТО)

Убиениот наркобос Жила од Скопје година ипол бил во врска со оваа српска ријалити старлета: Ја претепал од љубомора, па и се заканил дека ќе објави компромитирачки материјали за неа (ФОТО)

Александра Николиќ по се изгледа е излезена од реалното шоу „Задруга“ откако ја слушнала информацијата дека нејзиното поранешно момче Јетон Кривањева познат како Жила е убиен во Скопје.

На социјалните мрежи веднаш започнаа да се шират коментари дека продукцијата веднаш ја извадиле Александра за да и ја соопштат оваа трагична вест.

Крвавото убиство кое се случи во Старата чаршија во Скопје се’ уште ја вознемирува јавноста, а за него се слушна и надвор од нашите граници.

За настанот пишуваат и медиумите надвор од земјава, а еден од убиените го поврзуваат со познатата српска ријалити старлета, Александра Николиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, Јетон Кривањева бил во врска со Алекс Николиќ, која пак неговата насилничка природа ја искусила на своја кожа.

Потсетуваат на една исповед која старлетата ја дала, раскажувајќи за периодот кога била во врска со Кривањева. Таа на времето настапувала како танчарка по ноќните клубови низ Македонија, каде го запознала сега убиениот. Извесно време живееле заедно во Скопје.

„Поради него ја напуштив работата, бидејќи му пречеше тоа што танцував. Ми беше убаво со него година ипол, но го оставив затоа што ме претепа. Тоа го направи затоа што се умисли дека се загледувам во некое момче. Толку ме претепа што имав сериозна повреда на усната“ – изјавила Николиќ, која поради ова ја завршила врската, но тогаш не го спомнала неговото име, туку само кажала дека се работи за момче од Македонија, премолчувајќи дека е од албанска националност и со криминално досие.

Само додала дека Кривањева долго потоа и се заканувал дека ќе објави компромитирачки материјали за неа.

Фото: Инстаграм принтскрин/alex_mima

 

To top