Ива Штрљиќ иако е во четириесеттите години важи за една од најубавите жени на јавната сцена.
View this post on Instagram
За идеалната линија која ја одржува може да се заблагодари на физичката активност и здравата исхрана, додека за облините на вештите раце на хирургот кој работел на нејзината „доработка“.
Актерката не само што никогаш не криела дека вградила силикони, туку во 2009 година на операцијата однела и фотограф, кој ја овековечил интервенцијата.
„Ниту една фотографија не беше вулгарна или невкусна. Прикажана е една целосно професионална операција и не гледам причина да се каам. На крајот на краиштата, многу добро и долго размислувам за секој мој потег пред да го преземам, бидејќи го сметам за одговорен, професионален и зрел“- изјавила таа.
На прашањето зошто вградила силикони, нејзиниот одговор е:
„Не бев несреќна или несигурна поради градите, но ми се чинеше дека би било добро да бидат малку поголеми. Имам впечаток дека овие гради отсекогаш биле мои. Немам чувство за ништо туѓо или ново во телото. Напротив, се изгледа природно“- ги сублимирала впечатоците Ива Штрљиќ.
View this post on Instagram
Таа е свесна дека е пример за многу девојки кои ќе сакаат да ја копираат па порача:
„На ниту една девојка не би препорачала да става силикони додека не созрее. За таква одлука треба да е доволно зрела, а организмот да се формира и дури тогаш да се исправат недостатоците.
View this post on Instagram
фото:Принтскрин Инстаграм/ivastrljicofficial