Радио Милева
Годишнина

Убави вести од домот на најубавата турска актерска двојка: Бурак и Фахрие имаат голема причина за славење (фото)

Убави вести од домот на најубавата турска актерска двојка: Бурак и Фахрие имаат голема причина за славење (фото)

Пред точно пет години, Бурак Озчивит ги скрши срцата на илјадници обожавателки кога се заколна на вечна љубов само на една, и тоа на најголемата – убава колешка Фахрие Евџан.

Беше на романтичниот брег на Босфор, во Истанбул, во доцните попладневни часови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

Иако турските медиуми во меѓувреме неколку пати ги разведуваа, згодната двојка чија приказна започна во 2013 година, немаше позначајни проблеми во бракот.

Згора на тоа, тие не се одвојуваат еден од друг, освен кога треба да одат на работа. Тука е и круната на големата љубов, синот Каран, центарот на нивниот свет и ѕвездата на нивните Инстаграм профили.

А бидејќи пет години брак не се ниту мала бројка ниту мала работа, впечатливиот Бали-бег и неговата сопруга на посебен начин го одбележаа тој важен датум. И двајцата објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, потпишани со срце.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева