Радио Милева спомени од младоста

„Убави моменти“: Хелена Роза сподели спомени од пред 20 години (фото)

„Убави моменти“: Хелена Роза сподели спомени од пред 20 години (фото)

Екс – водителката и некогашен македонски модел Хелена Роза веќе неколку години живее во Оукленд, Нов Зеланд каде професионално е насочена во работата како маркетинг менаџер.

Иако и таму е остварена и работи под „полна пареа“ убавите спомени се составен дел на животот.

Па така, таа овој пат  се потсети на нешто што се случило токму пред 20 години и на нејзиниот Инстаграм сподели моменти од минатото и времето кога таа беше водителка.

„Пред 20 години… Хелена Роза шоу“ – стоеше на објавата, надополнувајќи ја со срце  до кое беше тагната таа и нашата позната пејачка Каролина Гочева, а за тоа заблагодарувајќи му се на моделот Алек Наумовски.

„Убави моменти“ – ја красеше големиот стикер,  објавата која ја репостираше Хелена.

Па, додека сите тројца на старата снимка изгледаат доста млади, еланот и шармот останал непроменет.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Хелена Роза

To top