Радио Милева
15 години помлад и промена за самодоверба...

Убавата српска актерка – непрепознатлива: Лидија сега изгледа уште помлада и поубава, или…? (ФОТО)

Убавата српска актерка – непрепознатлива: Лидија сега изгледа уште помлада и поубава, или…? (ФОТО)

Актерката Лидија Вукиќевиќ објави фотографии на која ја испеглала препознатливата кадрава коса, ја променила формата на косата, и сега им фризура со шишки со која е непрепознатлива… Што не значи дека не е повеќе убава. Напротив, Лидија сега изгледа уште помлада и поубава, или…?

Таа ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил, каде позираше со новиот имиџ, па напиша:

„Каква промена и да направите на себе, ништо не ви е подобро од самодовербата“ – им напиша Вукиќевиќ на своите следбеници на Инстаграм, а многумина се запрашаа дали ова е перика или Лидија решила да ги замени локните со кркми?

Инаку, Лидија Вукиќевиќ неодамна откри дека конечно нашла партнер кој и одговара, кој е 15 години помлад од неа.

„Помладиот партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен на мене, не верувам дека спротивностите се привлекуваат. Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи и да е на мојата бранова должина.

Кој се обидел да ме спушти на земја, завршувал спуштен, многу пониско од мене“ – изјавила актерката, по што многумина мажи со воздишка констатираа: „Ех, што не сум 15 помлад“!

Фот: Инстаграм принтскрин/vukiceviclidija

Останати вести од Радио Милева