Радио Милева

Убавата Неџла имаше проблем со вишокот килограми по породувањето, а сега се пофали дека повторно е во топ форма (фото)

Убавата Неџла имаше проблем со вишокот килограми по породувањето, а сега се пофали дека повторно е во топ форма (фото)

Актерот Бурак Озчивит и неговата сопруга, актерката Фахрие Евџан во месец април за првпат се остварија во улогата на родители и го добија синот Каран.

Мама Фахрие паузира од работа и е посветена на бебето, додека тато Бурак напорно работеше за нив и деновиве имаше промоција на новата серија каде ја има главната улога.

фото:принтскрин/Hurriyet

Додека за Бурак се пишува за неговиот нов филмски проект, за Фахрие пак тема е нејзиниот изглед, односно вишкот килограми со кои се соочуваше по породувањето. Иако во бременоста имаше само нараснато трудничко стомаче, во постпородилниот период таа поприлично ги начаки килограмите.

фото:инстаграм/фахрие евџан
фото:инстаграм/фахрие евџан

Поминаа само неколку месеци откако се појавија фотографиите на кои изгледа буцкасто, а веќе деновиве таа на својот Инстаграм се пофали со нови фотографии на кои изгледа одлично и повторно е во топ форма.

Дали тоа што за брзо ја врати линијата е поради нова филмска улога, останува да видиме…

To top