Радио Милева Пејачот на Бијело дугме има со што да се гордее

Убава, умна и образована: Ален Исламовиќ има ќерка од соништата (ФОТО)

Убава, умна и образована: Ален Исламовиќ има ќерка од соништата (ФОТО)

Некогашниот пејач на групата „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ со децении важи за голем заводник. Ама кога ќе видите како изгледа неговата ќерка ќе се воодушевите.

Имено, најстарата ќерка на Ален и неговата сопруга Маријана важи за вистинска убавица. Јавноста имаше можност да ја запознае во видео записот на нејзиниот татко за песната „Аида“ кој излезе во 2014 година.

Иако имала можност да се занимава со музика, на Уна сепак најважно ѝ било образованието.
Завршила факултет за менаџмент, економија и туризам, а подоцна се омажила за Адам Цера сопственик на ланец ресторани, познати по босанските специјалитети.
„Ја повикавме матичарката во хотелот за да биде поотмено но и да го избегнеме возењето низ град. горд сум на Уна, но и на големиот број на гости. Посебно ми е драго што помеѓу нив беа моите пријатели Горан Бреговиќ и Халид Бешлиќ“ – изјавил по свадбата Исламовиќ кој лично погрижил за музиката, на бината да доведе неколку музички гости како изненадување, а со придружба на бендот и самиот испеал неколку хитови од „Дивље јагоде“ и „Бијело дугме“.
Халид Бешлиќ пеел еден час, а и Бреговиќ не можел да оддолее и да не запее со својот стар пријател и колега од „Бијело дугме“,  па заедно со Ален го извеле хитот „Хајдемо у планине“, што особено ги воодушевило гостите.

To top