Промотер

Tyte X Srna – брачната рап двојка во првата заеднича тема и спот за – „Pit Stop“ (ВИДЕО)

Tyte X Srna – брачната рап двојка во првата заеднича тема и спот за – „Pit Stop“ (ВИДЕО)

Тајт и Срна (Tyte  & Srnа) се скопски деца што ги поврзува љубовта кон рапот, која и ги споила.

Срна Богдановска, ги развила своите  MC-инг вештини во последните неколку години и станува почитувана меѓу рап артистите на македонската хип-хоп сцена.

Тихомир Јакимовски, ака Tyte, завршил соло пеење и настапува во Националната опера и балет во Скопје.Во исто време, тој ги следи тековните трендови и светските музички настани и прераснува во искусен рапер.

Брачната двојка Тајт и Срна како интересен спој го претставуваат првиот заеднички сингл „Пит стоп“.

„Метафората во насловот на песната всушност диктира нови балкански примеси, прво враќање во старата рап школа која наскоро ќе го ‘зарази’ целиот регион.„Пит стоп“ е наш прв заеднички сингл  и ни е многу важен, можеби затоа ќе остане запаметен.

Песната зборува за моќта што ја има секоја двојка – да запре сè, да се стават сите приказни на мјут и да се одвојат моменти само за себе“ – ќе изјави Срна за Мascom, промовирајќи ја етикетата „Honey Money Gang“ која  ја одбележува првата година од своето работење, со проширување на своите активности и влијание врз регионалниот пазар токму со темата „Пит Стоп“, која можете да ја проследите во продолжение.

To top