Радио Милева нова кавга

„Твојата популарност е дискутабилна“: Босанац ја поткачи Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

„Твојата популарност е дискутабилна“: Босанац ја поткачи Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Цеца Ражнатовиќ е новиот член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а претходната сабота се емитуваше и првата сезона.

Меѓутоа, изгледа станува интересно и занимливо со новиот член на жирито, па изби и првата кавга.

Имено, како што се гледа во најавата, Босанац влезе во конфликт со Цеца поради кандидатка која ја пееше нејзината песна, а на него тоа не му се допадна.

„Девојката е океј, посебно првата песна, а втората песна звучеше онака – нема тука што да се пее“ започна Босанац.

„Е баш го кажа Босанац, како нема тука што да се пее“, одговори Цеца.

Кавгата продолжи и во текот на емисијата кога Боснац ја нарече Цеца популарна пејачка, а Марија Шерифовиќ „певачина“.

„А што е Марија ако не е пејачка? Вонземјанин?, праша Цеца.

„Таа не е пејачка, таа е „пеачиште“ одговори композиторот.

„Иста е професијата, нема да се расправаме“ одговори Цеца,  Марија цело време молчеше и се смееше, не одговарајќи на провокациите.

„Не, не, не сме исти“ одговори Босанац.

„Цеца није „пеачиште“ а?, се вмеша Мили.

„Цеца е популарна пејачка, но и тоа е дискутабилно“, одговори Босанац и ги изненади сите во студиото.

фото: Нова.рс/принтскрин/јутуб/звезде гранда

To top